Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Снимал како „лета“ со 310 км/ч на автопатот кај Солун, па снимката ја објавил на ТикТок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryqu8l73q8e6ol5Ij5yxe

Неверојатна снимка од грчки автопат привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако возач се снимал додека управува автомобил со брзина од околу 310 километри на час.

— реклама —

Според грчките медиуми, видеото е направено на автопатот „Егнатија“, кај Ореокастро, во близина на Солун, а снимката била објавена на ТикТок. Случајот веќе го привлече вниманието на грчката полиција, која започнала потрага по возачот.

На снимката се гледа BMW M5 E60 како достигнува брзина од околу 310 км/ч. Станува збор за модел со 5,0-литарски V10 мотор и моќност од 507 коњски сили.

— реклама —

Дополнително внимание предизвикал и самиот ТикТок-профил од кој било објавено видеото. Според Newsbomb, на профилот во моментот имало само една објава – токму снимката од опасното возење.

— реклама —

Полицијата работи на идентификување и пронаоѓање на возачот, по што тој би требало да биде изведен пред надлежните органи.

Случајот предизвика бројни реакции поради исклучително високата брзина и опасноста која ваквото возење ја претставува за останатите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryog780k9t7ut6fM9meH7

14-годишник во Грција подготвувал вооружен напад во училиште поради врсничко насилство

Свет | пред 5 часа

— реклама —
policija-grcija

Потера со пукање во Грција: Измамиле баба, украле пари и златници вредни половина милион евра

Свет | пред 2 дена

media-library9u0sdv6b1be5fAg46oA

Разбиена работилница за фалсификување документи за азил во Атина, запленети над 32.000 евра

Свет | пред 2 дена

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Поради уривање на надвозник затворен дел од грчкиот автопат А1: Изменет режим на сообраќај кон Солун и Евзони

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања