Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Снимка од Трамп се прошири со молскавична брзина: спиеше или не на средба?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library77614r3so4gffLZss0S

Фотографии на кои се чини дека претседателот Доналд Трамп задремал во Овалната сала за време на официјален настан, се проширија со молскавична брзина низ социјалните мрежи, отворајќи нова лавина коментари за неговата работна способност и здравствена состојба, пренесува CNN.

Снимките се направени во четврток, додека Трамп објавувал мерки за намалување на цените на популарните лекови за слабеење. На фотографиите се гледа како тој држи затворени очи, а во некои моменти се чини дека се бори да остане буден, триејќи го лицето со рака.

— реклама —

Критиките од политичките противници не изостанаа. Канцеларијата на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, на „X“ објави фотографии со саркастичен коментар: „Поспани Дон се врати.“

— реклама —

На обвинувањата остро реагираше портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, која ги нарече вестите „бесмислени“.

— реклама —

„Претседателот не спиеше; напротив, зборуваше цело време и одговараше на прашања од новинарите. Настанот беше важен – најави историско намалување на цените на два клучни лека кои им помагаат на Американците што се борат со дијабетес, срцеви заболувања и дебелина. Наместо да се зборува за тоа, пропаднатите либерални медиуми туркаат празни приказни,“ изјави Роџерс за CNN.

Иако фотографиите отворија сомнежи за замор, Трамп често држи долги говори и редовно одговара на новинарски прашања, а негови соработници ја истакнуваат неговата енергија.

— реклама —

Само еден ден пред настанот во Белата куќа, Трамп имал повеќе од еден час говор во Мајами, а неодамна се вратил од интензивна турнеја во Азија.

Сепак, прашањата за неговото здравје не престануваат, особено бидејќи со 79 години е највозрасниот претседател во американската историја. Минатиот месец откри дека направил магнетна резонанца, без да објасни зошто, а претходно Белата куќа објави дека лекарите му дијагностицирале хронична венска инсуфициенција поради оток на нозете.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 1 ден

media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 2 дена

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања