Промени тема
Контакт

(Видео) Со документи: „Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци“, тврди Андоновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци.

— реклама —

Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни мигрантски договори, а постои одлука на Владата од 23.01.2018 година, објавена во „Службен весник“, со која се планира прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, во Бардовци.

Тој потсети дека по оваа одлука имало и протести на месното население во делот помеѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде што граѓаните јасно се спротивставиле на изградбата на ваков камп.

— реклама —

„Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден единствен доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти со кој се соочи државата и ја бранеше Европа од Европа“, нагласи Андоновски.

— реклама —

Според него, скандалозно е што „човекот кој три дена држи прес-конференции за мигранти, во 2018 година гласал за изградба на мигрантски камп во Македонија, конкретно во Бардовци“.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ И ДЕТАЛИТЕ, НО И СУДИРОТ СО АРГУМЕНТИ ТУКА:

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya2skt0llk35nf0jaJz7

(Во живо) Михајловски за спотот снимен во Македониумот: „Можеби го замислиле од уметнички аспект, но не сметам дека тоа е местото“

Студио | пред 2 дена

— реклама —
media-library9sf392aho61vc2MUE4H

(Во живо) Михајловски по јавната расправа со Велевски: „На него не му се извинувам, тој треба да се извини јавно“

Студио | пред 2 дена

media-librarym2fdkbq77i846wnn5KO

(ВО ЖИВО) Претрес: Драмите, стенд-ап комедијата, Македонците и зависностите со 1Човек и Син на мајка

Македонија | пред 2 дена

media-libraryisr00gfnq5q07WTdszd

(Видео) Беџети за Груби: Бев против неговите политики, но сметам дека сега му се прави неправда

Студио | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања