„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Срца полни љубов, среќа и мир: улица Македонија беше преплавена од деца кои пееја „Вечниот бог“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Скопје
media-librarylq8rhbkf5dbnaM7JRFQ

Улица „Македонија“ денеска беше преплавена со коледари и млади деца кои ја пееја песната „Вечниот Бог“, движејќи се кон храмот „Св. Константин и Елена“ со божикни ѕвезди во рацете. Бадниковата поворка создаде празнична атмосфера, а граѓаните коментираа дека со радост и мир ги следат најмладите, кои и оваа година ја продолжуваат вековната традиција.

— реклама —

Во рамки на Бадниковите поворки 2026, дел од учесниците претпладнево традиционално остварија свечена средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во храмот беше одржана литургија на која симболично беше најавено Христовото раѓање, а децата ја испеаја коледарската песна „Вечниот Бог“, носејќи ја радосната божикна вест.

— реклама —

Неговото Блаженство г.г. Стефан ги даруваше децата со архипастирски благослов и пригодни подароци, испраќајќи порака за верата, љубовта и духовната радост – вредности кои Бадниковите поворки ги негуваат и пренесуваат веќе 16 години.

— реклама —

Според организаторите, оваа средба уште еднаш ја потврдила длабоката врска меѓу духовното наследство, народната традиција и новите генерации, нагласувајќи ја улогата на децата како носители на колективната меморија и празничниот дух.

Посетата кај Архиепископот претставуваше духовен вовед во централната Бадникова манифестација, која денеска се одржува на Плоштад „Македонија“ во Скопје, како и во уште околу 80 градови и населени места низ земјава и во македонската дијаспора.

Почетната точка на скопската поворка беше Музејот на Град Скопје, од каде што точно напладне тргна најголемата Бадникова поворка. Пред почетокот, на оваа локација бесплатно беа поделени божикни ѕвезди и уметнички магнети, како симболичен подарок за секое дете и семејство, во духот на заедништвото и празничната радост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym5j03b45n1r4dJrK9h0

Премиерот Мицкоски заедно со семејството на бадниковата вечера: „Паричката од бадниковото лепче се падна кај мене“ - изјави Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Лепчето со паричка – на Бадник или на Василица: што вели традицијата

Македонија | пред 2 дена

media-librarygi2o542feiqv4JXh7ez

Мирот почнува дома: Што се прави, а што се избегнува на Бадник

Македонија | пред 2 дена

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради „Бадниковите поворки“

Скопје | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања