Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Студенти во Суботица отстранија три големи банери „Србија победува“ од заштитен објект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Настани
media-libraryqred9nnjtheaevmlrWk

Студенти во Суботица вечерва, со помош на алпинисти и граѓани, отстранија три големи транспаренти со натпис „Србија победува“, поставени на зградата на некогашната Смоленска мелница, која е заштитено културно наследство.

— реклама —

Во акцијата учествувал и познатиот суботички планинар Исо Планиќ. Присутните граѓани им давале поддршка на учесниците со свирежи и факели, додека возачите ги поздравувале со свирење со автомобилските сирени.

— реклама —
— реклама —

Транспарентите биле поставени кон крајот на јуни, за време на предизборната кампања, што предизвикало реакции кај стручната јавност и опозицијата. Историчарот Ненад Лајбеншпергер од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата тогаш предупредил дека користењето културни споменици за истакнување политички пораки е недозволиво и незаконско.

— реклама —

Некогашната Смоленска мелница има и големо историско и меморијално значење. За време на Втората светска војна, објектот служел како собирен центар од кој Евреите од северна Бачка биле депортирани во нацистичките логори на смртта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања