Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Судир меѓу Геровски и Цветковска околу случајот ‘Пулс’: Овие снимки што јас ги објавив, Сашка ги скрила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Коментари
media-libraryece0fghg4i2e3WSZXZg

Одговорниот уредник на „Плусинфо“, Бранко Геровски, реагираше по гостувањето на Сашка Цветковска од Истражувачката лабораторија – ИРЛ во подкастот „Претрес со Ландов“, во кој таа изнесе тврдења поврзани со неговата работа. Во својата реакција, Геровски ја обвини Цветковска за изнесување невистинити информации, тврдејќи дека таа неточно изјавила оти поседува целосен фајл со доказите и снимките од случајот, а дека тој не ги поседувал.

Геровски наведе дека Јавното обвинителство доставило целосен извештај со снимени материјали до Судот, и дека дел од тие снимки се наоѓаат и во негова сопственост.

— реклама —

„Во интерес на јавноста, а секако и како доказ дека Сашка Цветковска селективно објавила дел од снимките а дел ги скрила - сега знаеме дека таа ги скрила. бидејќи вели дека го поседува целиот извештај! - јас објавив дел од снимките. Овие снимки што јас ги објавив, Сашка ги скрила. Анализата на содржината на тие снимки покажа зошто ги скрила. Е сега... Дали јас ги поседувам снимките што ги објавив или не? Во мојот коментар на бруталниот напад на ИРЛ врз мене, јавно повикав двајца новинари да дојдат кај мене и да им го покажам делот од извештајот што јас го поседувам. Она што не можам да го дозволам е тие да ги објават снимките во онаа форма во којашто ги имам, бидејќи содржат податоци што не смеат да се објават. Она што моите колеги можат да утврдат е дали ги поседувам снимките чија содржина ја објавив (поседувам и други, иако не сите), во онаа форма во која се доставени од ЈО до Судот. Со други зборови, поканив двајца мои колеги - а и натаму канам! - да утврдат кој овде ја зборува вистината, а кој лаже. Па сами нека кажат што виделе и што заклучиле“, напиша Геровски.

Во реакцијата, тој нагласи дека е подготвен двајца новинари или претставници на новинарски здруженија да извршат увид во материјалите што ги поседува, со цел да се утврди точноста на неговите наводи.

— реклама —

„Јавно ги поканувам двајца колеги да дојдат и да видат дел од извештајот што го имам. Можат да потврдат дали ги поседувам снимките што ги објавив, во формата во која биле доставени од Обвинителството до Судот“, напиша тој.

Во завршницата на реакцијата, Геровски се осврна и на тврдењата во подкастот поврзани со финансиското работење на „Плусинфо“, наведувајќи дека сите податоци за бонитетот и деловните резултати на издавачот „Плусинфо издаваштво“ се јавно достапни на интернет, и ги повика заинтересираните да ги проверaт.

— реклама —

Целиот поткаст со Цветковска:

— реклама —

Тврдењата на Цветковска, главна уредничка на ИРЛ:

media-libraryil4l580lgmg445qbyBZ

(Видео) Цветковска: За разлика од Геровски ние ги имаме доказите за Пулс, ние не штитиме ни еден политичар

Сашка Цветковска, главен и одговорен уредник на Невладината организација-Истражувачка лабораторија ИРЛ, е гостинка во Претрес со Ландов.ИРЛ објави комуникација меѓу инспектори од УЈП и обвинети за пожарот во дискотеката Пулс, која предизвика внимание во јавноста.,,Имавме контакти со жртвите кои бараа помош. Стигнавме до информациите. Инспекторите од УЈП им посочиле на обвинетите од Пулс кога ќе дојдат во инспекција во дискотеката.Имаше пораки дека имало комуникации со ВМРО -ДПМНЕ, но ние мораше

Скопје | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi7atoqoe1krt9yNFkGq

Не помина претставката на Костовски против Ландов, откако се жалеше на прашањата во „Претрес“

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-librarygenehvig6njefCNOT7M

(ВО ЖИВО) Слаткар: Верувам дека е покајание, а не лицемерие кога по смртта за некого добро говориме

Македонија | пред 6 дена

media-libraryfbalmb5skcfgbfyBCHZ

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Македонија | пред 6 дена

media-libraryugo60vtk65lieL92IQY

(ВО ЖИВО) Утковски: Лидерите на чинот на потпишување на Рамковниот договор беа како на сопствениот погреб

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања