Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Шумски пожар во Франција откри складиште со 400 гранати од Втората светска војна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryq8crs4ocbajo9yEp9Ix

Шумските пожари во јужна Франција доведоа до неочекувано откритие, откако во близина на селото Ле Порж беше пронајдено скриено складиште со околу 400 гранати и други експлозивни средства од Втората светска војна.

Според локалните власти, високите температури предизвикале детонација на муницијата, па додека пожарникарите се бореле со огнената стихија што уништи повеќе од 180 куќи, низ областа одекнувале силни експлозии.

— реклама —

Градоначалникот Марсијал Занинети изјави дека во текот на втората ноќ од пожарот биле регистрирани повеќе од 100 експлозии, а звукот го споредил со воена зона. Тој посочи дека никој не знаел дека на тоа место постоело закопано складиште со муниција.

— реклама —

„Проектилите летаа на сите страни, а еден дури проби низ куќа“, изјавил градоначалникот.

По акциите за расчистување и отстранување на опасните експлозивни средства, најголем дел од жителите се вратиле во своите домови, но некои делови од подрачјето и натаму остануваат затворени.

— реклама —

Според француските медиуми, меѓу пронајдената муниција имало германски и француски минофрлачки и противтенковски гранати од Втората светска војна.

Пожарот во регионот Жиронд, кој беснееше околу десет дена, сега е ставен под контрола. Во изминатите две недели шумските пожари зафатија повеќе европски земји, особено Франција и Шпанија, каде што беа евакуирани повеќе од 330.000 луѓе. Само во југозападна Франција изгореа околу 42.000 хектари, што го прави овој пожар еден од најголемите во земјата од Втората светска војна наваму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Франција распореди 70.000 полицајци поради страв од нови немири и грабежи

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Франција пред нов бран протести: Полициски час, забрани за собири и затворен Лувр

Свет | пред 22 часа

media-libraryqq3kbpbnrq3baMqFFHW

(Видео) Олујата Адам однесе најмалку седум животи во Франција и Шпанија

Свет | пред 1 ден

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Вирусот Шамонда што досега ги погодувал животните откриен кај човек во Франција, пациентот починал

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања