Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Тага, плач и лелек во Кочани, родителите неутешни: Ангели вечна ви слава, ве сакаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryt0mcr4jn4poh3Qr3Gl1
Фото Принтскрин од видеото на Георгиев

Неутешни родители, семејства, роднини и пријатели се собраа на кочанските гробишта во алејата на ангелите, на годишнината од смртта на 63 лица кои загинаа како последица на трагедијата во „Пулс“. Солзи, тага, лелеци и болки. Драги Горгиев, татко на тапанарот од ДНК, Георги објави снимка каде се гледа траорната атмосфера. На ова место, голем дел од семејствата го минуваат секојдневието и посочуваат дека само тоа им останало по трагедијата.

— реклама —

„Ангели вечна ви слава, ве сакаме“, напиша Горгиев.

— реклама —

Родителите цела година, речиси секој викенд го минуваа со Маршот за ангелите, барајќи правда за своите чеда. И натаму раскажуваат за нивните планови и соништа. Душата ја отвораат пред целата јавност за да ја доловат нивната болка, од која треба да се извлече поука дека ваков настан не смее да се повтори и дека треба да биде поука за целото општество да работи на функционалност на системот.

— реклама —
— реклама —

Истовремено, Кривичен суд им суди на обвинетите од сопственици на објектот до функционери кои според Обвинителството, дозволиле клубот „Пулс“ да работи без да ги исполнува законските прописи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 1 седмица

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Газдата Деко предложен за сведок во судскиот процес против деветтемина полицајци за случајот „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања