„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Таткото на Вања донесен во суд

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_8866

Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, е донесен во Кривичниот суд. Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата. Таткото е донесен во судот откако еден ден помина во полициска станица и во Обвинителството на распит. Утринава Обвинтелството и МВР кажаа дека тој негирал поврзаност, но дека тие поседуваат докази кој го покажуваат спротивното.

— реклама —

Таткото е осомничен дека ги дал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел киднапирање и потоа барање пари од мајката. Но, како што кажа министерот Оливер Спасовски, работите излегле од контрола, па организаторот и првоосомничен Љупчо Палевски-Палчо со пиштол ја затрелал и убил Вања.

— реклама —

Пред да биде осомничен, таткото Александар го пријави исчезнувањето на Вања и учествуваше во истрагата за нејзино пронаоѓање. Тој беше до мајката Зорица, која јавно бараше помош за пронаоѓање на Вања и прва го пријави исчезнувањето во моментите кога „Скопје1“ контактираше со неа во понеделникот, околу 12 часа по исчезнувањето.

https://skopje1.mk/archives/265678

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kesisov

Кешишев да се ослободи од соизвршителската улога за убиствата на Вања и Панче или предметот пак да се суди, бара адвокатот Ефремов

Македонија | пред 2 седмици

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат или предметот пак да се суди: Пресудата е расказ

Македонија | пред 2 седмици

vanja-tatko-tufegdzik

Со кои аргументи Туфегџиќ го брани таткото на Вања пред Апелација: Тој е жртва во целиот трагичен настан

Македонија | пред 1 месец

Vanja-1

Две години по убиството на Вања: Македонија и понатаму трага по одговори

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања