Промени тема
Контакт

(Видео) Тензии пред судот: семејствата на жртвите од „Пулс“ во вербален судир со дел од адвокатите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Настани
media-librarynhf4dr9ohm9220vIDfo

Тензична атмосфера по денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Родители на дел од загинатите млади вербално реагираа кон неколку адвокати од Кочани кои застапуваат дел од обвинетите во постапката.

„За колку пари се продадовте?“, „Повторно ги убивате нашите деца“, „Осум месеци нè убивате“ – извикуваа семејствата додека судската постапка завршуваше и сите се упатуваа кон паркингот пред судот.

Револтот кулминираше поради чувството дека процесот се одолговлекува, а обвинетите и понатаму не се произнесени за вина. Родителите, кои со месеци ја следат секоја одлука на судот и обвинителите, сметаат дека секое одлагање е нов удар врз нивната болка.

— реклама —

Полицијата ја следеше ситуацијата и интервенираше со присуство, но немаше физички инциденти—сè заврши со вербални расправии.

— реклама —

Еден од адвокатите накратко им возврати дека „законот е таков и обвинетите мора да имаат бранител“, по што двете страни се разотидоа.

Семејствата на жртвите остануваат истрајни во барањето правдата конечно да стигне до сите одговорни за трагедијата во која згаснаа 63 животи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Сведок на судењето против полициските службеници за „Пулс“: Побарал помош, но полицаецот рекол дека тоа не е негова работа

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library02ltkt8nipoq7bAli2Y

Судењето против 13-те полицајци поврзани со пожарот во „Пулс“ почна од почеток

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко нуди имот од 200.000 евра како гаранција дека нема да избега

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко не ја давал лиценцата на увид, а улицата пред дискотеката била блокирана од паркирани возила, сведочеше инспекторка на судењето за „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања