Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Тензии во Белград: Се сретнаа приврзаници на СНС и студентите, летале шишиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryl0e7kdgrngg9cGNgNuI

Тензична атмосфера вечерва владее во Нов Белград, каде што се сретнале приврзаници на владејачката Српска напредна партија (СНС) и поддржувачи на Студентската листа, кои се враќале од завршниот предизборен митинг во српската престолнина.

— реклама —

Според информациите што ги објави српскиот портал „Машина“, во неколку наврати биле фрлани шишиња, но засега нема информации за поголеми инциденти или повредени лица.

Тензиите се случуваат во пресрет на изборите во Србија, непосредно пред почетокот на изборниот молк.

— реклама —

Приврзаниците на СНС претходно присуствувале на партиски собир во спортската сала „Ранко Жеравица“, по што останале во Нов Белград и се движеле низ улиците на оваа белградска општина.

На снимките што се појавиле се гледаат групи луѓе со запалени факели и партиски знамиња со натпис „Србија победува“.

— реклама —

Според објавените информации, приврзаниците на СНС се движеле низ Нов Белград, но не го преминале мостот кон централниот дел на градот.

Во исто време, низ овој дел од Белград поминувале поддржувачи на Студентската листа, кои се враќале од завршниот предизборен собир на плоштадот Славија.

— реклама —

Засега нема потврдени информации за поголеми судири меѓу двете групи, ниту за евентуална полициска интервенција.

Настаните се случуваат во чувствителен политички момент, непосредно пред гласањето закажано за недела, 25 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 6 дена

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 1 седмица

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања