Промени тема
Контакт

(Видео) Тешка и болна исповед од затворот во Штип: „Сѐ би сменил, но не можам - совеста гризе повеќе од казната“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Студио
media-librarya3c7rrfsua550Uh4j8t

Во новата епизода на „Претрес со Ландов“, снимена зад затворските ѕидови во КПУ Штип, ексклузивно проговори Дејан Георгиевски – човек осуден за несреќен случај во кој животот го загубило тригодишно дете. Георгиевски денес ја издржува затворската казна, но вели дека најтешката казна не е тоа, туку товарот што го носи совеста.

Тој сведочи дека трагедијата се случила во момент на невнимание, кога детето паднало од трактор додека тој управувал со возилото.

„Осуден сум за сообраќајка, несреќен случај. За жал, сообраќајката беше со смртен исход“, вели тој, напоменувајќи дека детето не било прегазено, туку починало подоцна во болница.

Георгиевски тврди дека веднаш пружиле помош и дека со семејството се познавале.

— реклама —

„Признав вина на суд. Совеста повеќе гризе отколку што човек е во затвор“, изјавува тој во разговорот.

Денес, по поминати години зад решетки и во постојана борба со траумите, Георгиевски вели дека трагедијата засекогаш го променила.

„Се сменив во секоја насока… Болката ќе остане“, сведочи тој.

— реклама —

Во својата исповед, осудениот додава дека би направил сè за да го врати времето назад, но знае дека тоа е невозможно.

„Да можев за миг да променам нешто – сè би направил. Но не може ништо да се промени“, порачува тој.

— реклама —

Епизодата од „Претрес со Ландов“ отвора болна, но потребна тема – како изгледа животот на човек што несвесно предизвикал трагедија, и како се живее со вина што никогаш не престанува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisr00gfnq5q07WTdszd

(Видео) Беџети за Груби: Бев против неговите политики, но сметам дека сега му се прави неправда

Студио | пред 1 час

— реклама —
media-libraryd15h533ii65ueedsHKx

(Видео) Беџети: Немам амбиција да го наследам Ахмети

Студио | пред 19 часа

media-libraryc41j9c8somsa5A3o6pN

(Во живо) Беџети: ДУИ нема да обезбеди Бадентер за враќање на името „Македонија“

Студио | пред 5 дена

media-libraryf0v7rd6ivom35mjKkdo

(Во живо) Беџети за Ахмети: Во партијата нема расположение да се повлече од лидерската функција

Студио | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања