Промени тема
Контакт

(Видео) Тетовчанка остана без дневна светлина – сосед изградил зграда до самиот прозорец, Општина Тетово тврди: „Документацијата е во ред“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarybt7f04erflmtbUggKZJ

Жителката на Тетово, Живка Велјановска, веќе месеци живее во просторија каде дневната светлина практично не постои. Причината – новоизграден објект подигнат буквално до прозорците на нејзината куќа, со што целосно е блокирана природната светлина.

Велјановска за Телма вели дека институциите со години носат контрадикторни решенија. Иако општинската служба еднаш го одбила барањето за градба, подоцна донела спротивна одлука и издала дозвола. Новата градба сега е толку блиску што минималните законски растојанија меѓу објектите, според тврдењата на семејството, воопшто не се почитувани.

— реклама —

„Во мојата соба нема ниту еден зрак природна светлина. Прозорците се целосно блокирани. Повикувавме инспекции, полиција, но никој не реагира. Ова е неправда и постојана борба со соседот“, вели Велјановска.

Случајот е на разгледување во Управниот и Вишиот управен суд, но веќе шест месеци семејството нема одговор.

— реклама —

Од Општина Тетово и Министерството за транспорт и врски велат дека документацијата е уредна и дека сите постапки се водат согласно Законот за општа управна постапка. Истрагата е сѐ уште во тек.

— реклама —

Мештаните предупредуваат дека ова не е единствен пример и дека неконтролираното урбанистичко планирање веќе сериозно го нарушува стандардот на живеење во градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4u7af63gvrsddhJNmNW

Нови детали за превртениот автобус во тетовско: Немало патници, несреќата се случила пред да ги земе

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarygdfsnbhkf4l6eGlIE4b

(Видео) Автобус излетал од патот во близина на Стенче

Македонија | пред 3 дена

media-libraryuh8iq91pp6mpcZBdutJ

Трагична вест од Тетово: Загина младиот фудбалер Даниел Николовски

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во четири тетовски села не е безбедна за пиење

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања