Промени тема
Контакт

(Видео) Трагедија во Хрватска: Еден загинат и над 40 повредени во пожарот кај Омиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA
screenshot x

Бројот на жртвите во големиот шумски пожар кај хрватскиот град Омиш се зголеми на едно лице, додека повеќе од 40 луѓе се повредени. Телото било пронајдено при прегледот на опожареното подрачје, но неговиот идентитет засега не е потврден.

Седуммина од повредените се во животна опасност и се приклучени на респиратори, изјави хрватската министерка за здравство, Ирена Хрстиќ. Четворица од нив се префрлени на лекување во Загреб, меѓу кои и 17-годишна девојка.

Пожарот избувнал кај местото Локва Рогозница, по што се проширил кон Омиш и го зафатил подрачјето над градот. Во огнот изгореле бројни објекти, возила и пловила, а властите проценуваат дека е причинета огромна материјална штета.

— реклама —
— реклама —

Поради пожарот биле евакуирани околу 1.200 жители и туристи. Речиси 200 луѓе во текот на ноќта биле спасени од морето, откако се засолниле таму, бегајќи од огнената стихија.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ оцени дека станува збор за „ужасен настан“, додавајќи дека пожарот можеби не настанал само по природен пат и со тоа отвори сомнежи дека можеби бил подметнат.

— реклама —

Иако утрово властите соопштија дека состојбата е смирена и пожарот е ставен под контрола, во попладневните часови огнот повторно се разгорел. Дополнителна загриженост предизвикува и засилувањето на ветерот, поради што постои опасност пожарот повторно да се прошири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygqt9lo81s8unbXU8sxV

Нова жртва на пожарот кај Омиш: Почина жена тешко повредена во огнената стихија

Балкан | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryqimunieebu3rej0thll

Стравични последици од пожарот кај Омиш: Изгореа 106 возила, 28 куќи и 45 пловила

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryjtn3edsqbgpsfY2nsoH

(Видео) Снимка од драматичното бегство на семејство од пожарот во Омиш: Високата температура почнала да го оштетува возилото

Настани | пред 3 седмици

media-librarygqt9lo81s8unbXU8sxV

Пожарот кај Омиш ставен под контрола, изгореа околу 1.000 хектари – се истражува причината

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања