Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Трамп му порача на новинарот да не го „посрамоти“ саудискиот принц со прашања за убиството на новинарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library09fq48j92g7maecIEvt

Американскиот претседател Доналд Трамп свечено го пречека саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман во Белата куќа, каде што на Јужниот тревник беше пречекан со прегратка и прелет на авиони во чест на посетата.

— реклама —

По краткиот разговор и прес-конференцијата, атмосферата се затегна кога еден новинар постави прашање за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Трамп реагираше предупредувајќи го новинарот да не го „посрамоти“ саудискиот лидер. Ова е прва посета на бин Салман на САД откако Кашоги беше убиен во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.

— реклама —
— реклама —

Американските разузнавачки служби заклучија дека токму престолонаследникот ја одобрил операцијата за фаќање или убиство на Кашоги, кој беше истакнат критичар на саудискиот режим. Иако бин Салман го негираше тоа, призна одговорност како де факто владетел на земјата.

— реклама —

„Што се однесува до овој господин, тој заврши феноменална работа“, рече Трамп бранејќи го својот гостин. „Споменувате некој кој беше исклучително контроверзен. Многу луѓе не го сакаа тој господин за кој зборувате, ви се допаѓал или не, работи се случуваат, но тој ништо не знаел за тоа и можеме така да го оставиме. Не мора да го посрамотите нашиот гостин со поставување прашања.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 1 ден

media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 2 дена

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања