Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) Требаше да бидат матуранти: Другарите и Пробиштип не ги заборавија Матеј и Никола кои загинаа во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqg0v8a6vfrhfeerIcgr

Јасна Марковска, мајка на загинатиот Матеј во трагедијата во дискотеката „Пулс“, објави емотивна порака по матурската манифестација во Пробиштип, каде што другарите и градот им оддадоа почит на Матеј и Никола, кои вечерва требаше да бидат матуранти.

„Пробиштип уште еднаш покажа чест и почит кон нашите ангели Матеј и Никола кои вечерва требаше да бидат матуранти. Верувам дека ќе бидат ангели чувари на ова наше градче кое не ги заборави ни за миг и особено на матурантите кои вечерва ќе слават и за нив“, напиша Марковска.

— реклама —

Таа сподели снимка од матурската манифестација на која, пред присутните, беа прикажани фотографии од двајцата млади, додека во позадина се слушаше потресна порака.

„Не постои магија со која би се променило тоа болно минато, кое создава тага што душата ја откорнува. Не постои прегратка која ќе ги избрише солзите на една мајка, на еден татко, на баба или дедо, на другар, пријател, или на цел народ кој тагува до небесата и назад“, се вели во нарацијата.

— реклама —

Во пораката се додава и:

— реклама —

„Не постои човек кој ќе создаде мевљан за таа рана, која немилосрдно боли, пресекува повеќе и од најострата сабља, бидејќи пресекува онаму каде сабљата не може.“

На екранот за време на манифестацијата стоела и пораката:

— реклама —

„Нека ви е светол патот ангели наши, вашата генерација никогаш нема да ве заборави.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryflv9d1spg6754XsDtJp

Скандал во Пробиштип, Ристовска: Синот на Тоневски возел 185 км/ч, СДСМ бара одговор од МВР

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања