„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(Видео) Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
trencevska1

„Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а Владата не презема никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари. Има ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец“, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

„Семејствата сè потешко ги покриваат основните трошоци и се принудени да се откажуваат од потреби кои до вчера беа основни.

— реклама —

Ова е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Владата на Мицкоски, која ги игнорира проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно.

СДСМ ја изразува својата длабока загриженост за осиромашувањето на народот и неодговорноста на власта, која продолжува да ги става партиските интереси над интересите на граѓаните.

Наместо конкретни и итни мерки за справување со ценовниот шок, власта со својата пасивност и неспособност дополнително ја влошува ситуацијата.

СДСМ предложи две конкретни законски решенија, клучни мерки кои веднаш ќе донесат олеснување за граѓаните:

Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.

Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.

Но, што прави Мицкоски и неговата влада и мнозинството во Собранието? Со политички инает и без емпатија кон народот, тие ги блокираат овие решенија и одбиваат да ги поддржат.

Наместо помош и поддршка, граѓаните не добиваат ништо и влегуваат во уште поголема неизвесност.

Не може граѓаните да бидат жртва на партиската ароганција на ДПМНЕ.

Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ.

Треба да се одговори на потребите на народот, да се одговори на нивните потреби и да преземе одговорност.

Време е за акција, време е за вистински мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност!“, соопшти Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 4 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 4 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања