Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Украински дронови погодија руски град: Најмалку 12 загинати и 39 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarykc46glbb855035uNR7u

Најмалку 12 лица загинале, а 39 се повредени во напад со украински беспилотни летала врз индустриски и цивилни цели во Нижнекамск, во руската република Татарстан, соопшти градоначалникот Радмир Белјаев.

— реклама —

Во нападот била погодена и рафинеријата „ТАНЕКО“, една од технолошки најнапредните рафинерии во Русија. Руските медиуми објавија дека објектот бил цел на нападот, а на снимки што се појавија на социјалните мрежи се гледа чад над објектот што личи на рафинеријата. Автентичноста на снимките засега не е независно потврдена.

Станува збор за рафинерија во сопственост на руската компанија „Татнефт“, која и претходно била цел на украински напади, вклучително и во почетокот на јуни.

— реклама —

Податоците покажуваат дека рафинеријата во 2024 година преработила околу 17 милиони тони сурова нафта. Во истиот период произвела околу 2,7 милиони тони бензин и 8,5 милиони тони дизел-гориво.

— реклама —

По нападот, лидерот на Татарстан, Рустам Миниханов, прогласил денови на жалост, соопшти градоначалникот на Нижнекамск.

Украина во последните месеци ги засили нападите врз руските нафтени рафинерии и други објекти поврзани со енергетскиот сектор. Дел од овие напади придонесоа за проблеми со снабдувањето со гориво во повеќе региони во Русија, иако руските власти тврдат дека најголемиот дел од првичните проблеми биле надминати.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 3 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 12 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања