Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ураган од четврта категорија се движи кон Мексико, ветрови до 225 км/ч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryhciodtgp1b8v2aDX0SV

Тропската бура „Сајмон“ се засили во силен ураган од четврта категорија и се движи кон брегот на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами.

Максималната брзина на постојаните ветрови достигнала 225 километри на час, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Се очекува „Сајмон“ да донесе меѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а во одредени области можно е да наврнат и поголеми количества врнежи. Националниот центар за урагани ги повика жителите итно да преземат соодветни мерки за заштита.

— реклама —

Обилните врнежи се очекува да ги зафатат деловите од југозападниот регион на земјата, особено крајбрежјето на сојузната држава Халиско, како и делови од Мичоакан, Колима и Најарит.

— реклама —

Метеоролозите во петокот предупредија на опасност од поплави и свлечишта. Во Халиско, наставата беше прекината во 22 крајбрежни општини, а започна и евакуација на десетици луѓе од ризичните подрачја.

На туристичкиот сектор во Пуерто Ваљарта му било наложено да обезбеди работниците и посетителите да бидат сместени во засолништа или безбедни зони до петок попладне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7n70m2169gr4gXBrVB

(Видео) Инцидент во мексиканска емисија: Водителот го шутна дронот и ја погоди манекенката во лице

Вирално | пред 3 дена

— реклама —
media-library7t7a4a9al8987htcqKE

(Видео) Мексико под закана од силен ураган со ветрови до 195 километри на час

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Илјадници Мексиканци протестираа поради загадената вода за пиење

Свет | пред 2 седмици

media-libraryar8skv0b6hqa4wt3a3c

(Видео) Десет загинати и 16 повредени во бунт во затвор во Мексико

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања