Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните“, вели Тренчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
JovanaT

„Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден - нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат. Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%“, кажа Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.

— реклама —

„Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ:

- Да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра.

- Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно.

— реклама —

-Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените.

Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети.

— реклама —

СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај власта, пред се кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Подаваме рака за соработка, за подобар животен стандард и поддршка на граѓаните во време кога нивниот живот станува се потежок.

Просечната плата во земјата е намалена за 1,000 денари а македонската економија е во слободен пад. Индустриското производство бележи пад во септември за 7,9% а прогнозите за економијата стануваат се полоши. По Светска банка и Народна банка ги намали проекциите за македонската економија и предвидува послаб раст оваа и наредната година.

— реклама —

Ова се лоши вести. Потребно е заедничко делување за да им се помогне на граѓаните а пакет решенијата на СДСМ, овие три политики кои ги споменав се реални, одржливи и ќе дадат брз резултат.

Жално е ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвена на штета на граѓаните да водат политички инает со отфрлање на добрите решенија“, изјави Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања