Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Вознемирувачка приказна од Нов Зеланд: Татко кој исчезна со трите деца снимен при грабеж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
grabez

Новозеландската полиција објави нова снимка од надзорна камера за која верува дека прикажува човек кој пред речиси четири години исчезна во дивината заедно со своите тројца деца.

— реклама —

На ноќната снимка се гледаат две лица целосно облечени во заштитна облека. Полицијата е убедена дека станува збор за Том Филипс и едно од неговите деца. Се забележува како тие провалуваат во продавница, а потоа заминуваат со квадроцикл. Детективот Енди Саундерс на прес-конференција изјави дека од продавницата однеле „неколку намирници“.

Филипс во декември 2021 година избегал во дивината со своите деца Ембер, Маверик и Џејд, откако го изгубил законското старателство врз нив. Оттогаш трае потрагата по семејството. Полицијата се надева дека со новата снимка ќе поттикне граѓани да пријават доколку ги забележат.

— реклама —

0IjhFJRWc3s

Последната провала се случила во малиот град Пиопио, околу 2 часот по полноќ. Истрагата покажува дека Филипс се обидел да ја ограби истата продавница и во ноември 2023 година, но без успех. „Во центарот на целата истрага се тројцата деца кои четири години се надвор од својот дом. Нивната благосостојба е наш главен приоритет“, нагласи Саундерс.

Филипс се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои за тешка кражба, нанесување тешки телесни повреди и незаконско поседување оружје. Полицијата претходно објави дека постојат индиции оти тој имал помагачи во изминатите години.

Во октомври минатата година, Филипс и неговите деца за првпат беа јавно забележани по исчезнувањето, кога група тинејџери ги сретнала на планинарење и ги снимиле. Според тогашните информации, децата со години немале контакт со други луѓе и не посетувале училиште.

Властите минатата година понудија парична награда за информации што би довеле до безбедно враќање на децата, но рокот за наградата истече без да биде искористена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0ouf3nnh2cc24ZYL5EK

Новозеланѓанец проголта привезок од 20.000 долари – полицијата го врати „природен пат“

Свет | пред 5 дена

media-libraryrekonlhtqv4u8krlJoC

Мајка од Нов Зеланд осудена на доживотен затвор за убиство на двете свои деца, чии тела ги сокрила во куфери

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-09-08-095145

Нови детали: Убиен е таткото кој избегал со деца во дивината, децата се пронајдени

Свет | пред 3 месеци

avtobus-patuvanje1

Двегодишно девојче пронајдено живо во куфер во автобус во Нов Зеланд, уапсена е 27-годишна жена

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања