Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Вучиќ разговараше со Путин: „Ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarykqgatquhllefdeVv1Gr
Принтскрин / Инстаграм

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, при што во едночасовниот разговор биле опфатени билатералните односи, состојбата во регионот, војната во Украина и енергетската соработка.

Како што објави Вучиќ, посебно внимание било посветено на договорот за снабдување со гас, кој истекува на 30 септември. Тој изразил уверување дека договорот ќе биде продолжен и дека Србија ќе има стабилно снабдување.

— реклама —

Вучиќ навел дека граѓаните и понатаму би требало да имаат цена од 318 евра за 1.000 кубни метри, наместо пазарната цена која, според него, во моментов изнесува 868 евра.

— реклама —

На разговорот било отворено и прашањето за Нафтената индустрија на Србија, при што Вучиќ изразил надеж дека ќе биде најдено решение прифатливо за двете страни.

Српскиот претседател му се заблагодарил на Путин и за помошта испратена за гаснење на пожарите во Србија, оценувајќи дека со тоа било спречено создавање поголема штета.

— реклама —

Вучиќ соопштил и дека го информирал Путин оти следниот ден ќе поднесе оставка, а му се заблагодарил за 14-годишната соработка.

По разговорот, Вучиќ повторно порача дека снабдувањето со гас во Србија ќе биде стабилно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdecq8cradmhb1hWE4m

(Видео) „Битка за смоки“ на митингот на Вучиќ во Ниш

Настани | пред 10 часа

— реклама —
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна

Свет | пред 2 дена

media-libraryaoiv1mpn0jju0vzxPaL

Вучиќ: Студентите ќе бидат шокирани, ќе ги победиме со најмалку 400.000 гласа разлика

Свет | пред 3 дена

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ ги повика граѓаните да гласаат: „Изборите се како финале на Светското првенство“

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања