(Видео) Вучиќ се вклучи на лајв со Бака Прасе на „Тикток“, па следуваше необчен разговор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library6o9ig4ddmpbj2iJm8rI

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа за првпат направи TikTok лајв, во кој директно се вклучи и еден од најпознатите српски јутјубери, Бака Прасе. Во разговорот, кој предизвика големо внимание на социјалните мрежи, се зборуваше од даночната политика, преку локалната власт, до конфликтите во медиумскиот простор.

— реклама —

Пред вклучувањето на Бака Прасе во лајвот, Вучиќ погледна негова вирална снимка во која јутјуберот кажува што би го прашал доколку добие можност да се вклучи во TikTok пренос.

— реклама —

„Не сум ниту за вашата, ниту за другата страна, не ме интересира политика, ама дали може да се укине данокот за инфлуенсери?“ прашува Бака Прасе во видеото, на што Вучиќ со насмевка одговори дека данок не може да се укине и додаде дека државата функционира токму преку наплатата на даноци.

— реклама —

Неколку моменти подоцна, Бака Прасе директно се вклучи во лајвот, шеговито забележувајќи дека, доколку стане градоначалник, би поделил откази затоа што лајвот не бил технички добро подесен. На прашањето на Вучиќ за кој град станува збор, тој одговори дека мисли на Белград и праша дали претседателот смета дека би бил подобар градоначалник од актуелниот, Александар Шапиќ. Вучиќ со насмевка возврати дека не мисли така, но дека одлучувачко е мислењето на граѓаните.

Во продолжение на разговорот, Бака Прасе побара од Вучиќ да го контактира Доналд Трамп за да му бидат вратени неговите Јутјуб канали, кои, како што тврди, му биле згаснати поради масовни пријави. Вучиќ одговори дека ќе има разговори со американски претставници и дека може сериозно да го постави прашањето, но истовремено праша и што точно било причината за гасењето на каналите.

Јутјуберот објасни дека каналите биле пријавувани поради конфликт со Жељко Митровиќ. Вучиќ тогаш зазеде советодавен тон, посочувајќи дека изјавите насочени кон семејството на Митровиќ биле „застрашувачки“ и дека смета оти е коректно прво да се извини за тоа. „Не мешај семејства, тоа не ти прилега. Извини се за тоа, па потоа расправај се колку сакаш“, порача Вучиќ.

Бака Прасе возврати дека никогаш не го навредувал семејството на Митровиќ и дека, според него, првично бил нападнат неговиот татко. Вучиќ, сепак, оцени дека изговореното од страна на јутјуберот било потешко и повтори дека извинувањето би било фер чекор.

Во завршницата на разговорот, Вучиќ го праша Бака Прасе како решил да се занимава со Јутјуб и што го мотивирало да влезе во тој свет. Јутјуберот одговори дека почнал со гејминг, дека пријателите го охрабриле и дека, откако не запишал факултет, решил да оди „на сè или ништо“, што, како што рече, на крајот му се исплатело.

Лајвот, кој комбинираше политика, поп-култура и интернет феномени, предизвика бројни реакции и коментари, отворајќи нов простор за комуникација меѓу политичките лидери и дигиталните инфлуенсери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Иран се заканува со напади врз американски бази на Блискиот Исток доколку биде нападнат

Свет | пред 6 часа

media-librarybr7fn62kt9adaMAl0tC

Обвинувања за таен нуклеарен тест ја продлабочуваат глобалната безбедносна неизвесност

Свет | пред 6 часа

media-libraryh2lpce1l5bs257ZuMFn

Уапсен најбараниот терорист на листата на ФБИ, „ловот“ траел повеќе од 20 години

Свет | пред 1 ден

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Марко Рубио поднесе оставка

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања