Промени тема
Контакт

(Видео) Започна целосна реконструкција на мостот „Естакада“ во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library0nltfoj32ido4dcA2GO

Градоначалникот на Гази Баба, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека започнала целосна реконструкција на мостот „Естакада“, една од најважните сообраќајни врски за општината и за Скопје.

Како што посочи, мостот се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од главниот град и секојдневно го користат илјадници граѓани, како и голем број товарни возила.

— реклама —

Реконструкцијата опфаќа санација на пристапните рампи на површина од околу 10.000 квадратни метри, при што ќе се отстрани постојниот асфалт и ќе се постават два нови асфалтни слоја. Предвидена е и обнова на самиот мост со нов асфалтен слој.

— реклама —

Покрај тоа, ќе бидат заменети рабниците и капаците на шахтите, ќе се изградат нови асфалтни тротоари, а заштитната пешачка ограда ќе биде исчистена, санирана и повторно обоена.

Вкупната должина на делницата што ќе биде реконструирана изнесува 1,5 километри.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, проектот има за цел да ја подобри безбедноста, поврзаноста и секојдневното функционирање на сообраќајот, а најави дека ќе продолжи и обновата на останатите мостови во Скопје каде што е потребна санација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhlubqs1lh1c26gBcC5z

Синоќа започна миењето на улиците во Гази Баба

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhlo1d0tkqgarcpfMfPf

Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“: Се санира 1,5 километри коловоз

Скопје | пред 2 седмици

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 2 седмици

uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања