Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Зеленски до Трамп: Не сум диктатор и не ја започнав војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно, во интервју за Би-Би-Си, ги коментираше претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, во кои сугерираше дека е диктатор и дека носи одговорност за војната.

Водителот потсети на контрадикторните изјави на Трамп, вклучувајќи ја и онаа во која го нарече Зеленски „диктатор“ кој ја започнал војната, што, како што беше нагласено, одекнуваше со тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин.

— реклама —

„Јас не сум диктатор и не ја започнав војната. Тоа е тоа“, одговори Зеленски со насмевка.

— реклама —

Во интервјуто се говореше и за преговорите, вклучително и посетите на Москва од специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, како и за загриженоста дека Соединетите Американски Држави би можеле да бидат под влијание на руски наративи.

— реклама —

Зеленски посочи дека Виткоф почесто се среќава со украинската страна отколку со руската и дека имал повеќе средби со Трамп отколку со Путин.

— реклама —

Зеленски рече дека верува оти Соединетите Американски Држави треба да ја запрат Русија, а не да се обидуваат да ѝ угодат.

Тој заклучи дека Русија дејствува првенствено водена од сопствените интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 2 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања