Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Жесток руски напад врз Киев, погодена и Националната академија на науките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryejjivhaair9p10PyOfu

Русија денеска изврши силен воздушен напад врз Киев, при што меѓу погодените објекти е и зградата на Националната академија на науките на Украина. Според првичните информации што ги објави украинскиот претседател Володимир Зеленски, во нападите има загинати цивили, а спасувачките екипи се на терен.

— реклама —

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа тешко оштетената и запалена зграда на Академијата. Урнати се делови од покривот и горните катови, а од објектот се издигаат густ чад и пламен. Просторот околу зградата е затрупан со градежен материјал, додека оштетени се и автомобили паркирани во близина.

— реклама —

Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот, додека спасувачките екипи проверуваат дали во објектот има луѓе заробени под урнатините.

Зеленски соопшти дека зградата на Академијата не била единствената цел на нападите врз Киев и други делови од Украина. Според него, во главниот град биле погодени и фармацевтска компанија и бензински станици, додека во Днипро бил погоден деловен објект. Во други градови и региони биле оштетени цивилни објекти, компании и комуникациска инфраструктура.

— реклама —

Украинскиот претседател изјави дека во нападите има загинати и упати сочувство до семејствата на жртвите. Тој исто така порача дека Русија ќе се соочи со последици за нападите и ги повика меѓународните партнери да продолжат со поддршката за Украина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl2ditbqqbi423czgNAE

Русија отвора берзи за тргување со криптовалути, познат е датумот на почеток

Свет | пред 4 часа

— реклама —
vakcini-332

Првиот пациент третиран со руската вакцина против рак без нови метастази

Свет | пред 1 ден

media-librarycvvojt58f5mr24qiFWf

Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Медински со остра порака: „Секој педаљ руска земја ќе ѝ биде вратен на Русија“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања