Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откри дека лица од институциите оддавале информации на криминалци и членувале во нив. Ова го кажа откако кажа дека 16 лица се уапсени, а биле дел од група формирана за убива и да транспортира дрога.
„Утврдивме лица од институциите кои биле соработници во криминалните активности. Ќе бидете сведоци на наредниот период на нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата мора да го стигне секој еден“, вели Спасовски.
„Има инволвирани од многу институции – МВР, министерства, агенции. Реков, можеби ќе се зачудите во наредниот период, но тоа мора да се покаже. Тие во еден момент викаа ‘држете го крадецот’, а всушност тие биле дел од истите“, додава Спасовски.
МВР, Обвинителството и Европол, кои ја спроведувале оваа акција, обезбедиле комуникации помеѓу членовите на групата, а водени на апликацијата „Скај“.
(Видео) Група убивала низ Македонија, членови биле 16 лица: Организаторите ги правеле плановите, а ги спроведувале и преку посредници
Група убивала и продавала дрога низ Македонија. Имале планови и дејствувале. Осомничени се 16 лица. Претреси имало на 20 локации, шестмина се уапсени, повеќе лица се надвор од Македонија, а едно лице е уапсено во Шпанија. Деталите ги сподели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.„Бирото за јавна безбедност под раководство на ОЈО-ГОКК, со поддршка на Европол, презеде активности за лишување од слобода на лица за кои постои сомневање дека биле дел од меѓународна група, вршеле продажба на
Македонија | пред 2 години
Серија апсења и претреси во Скопје: се расчистува двојното убиство на Беланоца и Тозо, но и со продажбата на дрога
Серија апсења има во Скопје од попладнево, а за расчистување на убиствата од 2018 година на Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо, но и поради растурање на криминални групи кои се бавеле со продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Полицијата упаднала во Грчец, Дуќанџик, Чаир, каде има серија претреси.„Скопје1“ дознава дека првоосомничен во оваа акција која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е Шеваљ Муареми кој е во бегство повеќе години. Статус на осо
Македонија | пред 2 години