Министерката за образование и наука Весна Јаневска обелодени сериозни неправилности во работењето на дел од високообразовните институти, посочувајќи дека еден од нив бил регистриран во простории на кладилница.
Станува збор за институции кои досега имале право да издаваат дипломи признати и во државата и во странство, што според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.
„Комисијата на МОН кога направи проверки во еден институт, беше регистриран во кладилница, задниот дел, а своите функции требаше да ги врши на две столчиња и два душеци. Има полесни примери, а ова е најбруталниот“, изјави Јаневска.
Таа нагласи дека ваквите практики се недозволиви и најави дека ќе следи затворање на институти кои не ги исполнуваат основните услови за работа.
„Под називот приватен институт се обавуваат други функции, како примерот со кладилницата. Оттука, не се критериумите нешто што министерот или работната група ги измислиле“, рече министерката.
Јаневска додаде дека новите законски решенија се базирани на анализи на европските практики и имаат за цел да го подобрат квалитетот на научната дејност.
„Ова се мерки кои се значајни и потребни за да се подобри квалитетот на научната дејност“, истакна таа.
Министерката информираше дека работната верзија на законот ќе биде финализирана во понеделник, по што ќе влезе во владина процедура.
БОНУС ВИДЕО