Промени тема
Контакт

Витина “завојува” со Меџити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_7542

“Срамен е обидот на пласирање континуирани невистини од страна на Изет Меџити кој очигледно по 5 месеци бидејќи нема ниту еден свој проект, мора да се фали со проектите кои ги обезбедил градот Скопје. Министерот Меџити нема никаков допринос за град Скопје да добие 6 автобуси, ниту досега му помогнал на градот во било кој друг сегмент за справување со загадувањето, иако неговата е една од 14 институции кои имаат надлежност за постапување”, вели Ирена Витина

Советник во Совет на Град Скопје и додава:

— реклама —
— реклама —

Вработените во Секторот за меѓународна соработка на Град Скопје се заслужни, изработија апликација и овој проект е резултат на нивната посветена работа, со што за Градот Европската Унија ги финансира 6-те автобуси.

— реклама —

Шесте еколошки автобуси се резултат на проектот на кој Град Скопје аплицираше до ЕУ, на кој веќе 2 години активно работи секторот за меѓународна соработка а го набавката ја реализира УНОПС. Со овој проект преку поддршката на ЕУ за Град Скопје се обезбедени шест еколошки CNG автобуси, се подигаат урбани зелени појаси со над 3000 дрвја, меѓу кои и во Мега паркот во Карпош каде наскоро ќе се засадат нови 1.000 дрвја, а дополнително се изработува Физибилити студија за проширување на тополоводната мрежа во Скопје. Сите сегменти на проектот имаат за цел подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8qnene5bqcr1aHO6zMK

(Фото) Камени мост затворен за пешаци: По години во мрак, се санира осветлувањето

Скопје | пред 5 дена

— реклама —
media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања