Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Влада донесе одлука: Вработувања на 600 специјализанти во болниците, разрешен директорот на Шутка и именувани повеќе директори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
271975704_675232317223482_4397609985980020895_n

Денеска Владата на Република Северна Македонија одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки и решенија.

— реклама —

Владата усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата. Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно. На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството.

— реклама —

Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра кој ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство.

— реклама —

Министерството за транспорт ја информираше Владата дека успеа да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево - Охрид, Синохидро за да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз со кој беше оптужено Јавното претпријатие за државни патишта. На овој начин се заштедени над 50 милиони евра кои ќе беа потрошени доколку арбитражната постапка продолжеше.

— реклама —

Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица. Даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот. Воедно констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања