Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата, и набавка на 120 еколошки автобуси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vlada-2024-mickoski

На денешната 65 владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за содржината на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година која содржи 11 проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и туризам и Националните установи од областа на културата кои се носители на активностите.

— реклама —

„Со оваа програма се предвидуваат активности за продолжување со изведување на градежни работи за изградба на нов објект наменет за театар и библиотека во Тетово, изградба на објектот на НУ Турски театар – Скопје и изградбата на Стар Театар во Струмица, се продолжува и со реконструкција на објектот на театарот во Куманово, како и почеток со реконструкција на објектот Ну Музеј на Македонија и почеток со реконструкција – санација и адаптација на објект на поранешно кино Партизан во Битола при НУ Народен театар – Битола. Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Програмата се предвидени во Буџетот на Министерство за култура и туризам за 2025 година во износ од 123.775.000 денари.

— реклама —
— реклама —

Исто така, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.

— реклама —

Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина“, велат од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања