Промени тема
Контакт

Влада: За 100 дена започнавме изградба на три детски градинки, а се пушти во употреба и доградбата во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
gradinka-2

„Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада започна изградба на три нови детски градинки, а пуштена е и доградбата во ЈОУДГ „Гоце Делчев“. Со ова покажуваме дека Владата се грижи и за најмалите. Беше поставен камен темелник на изградба на нова детска градинка во Општина Бутел за што се инвестирани 100.000.000 денари, а капацитетот на згрижување e за над 200 дечиња. Со ова Бутел 2 конечно ќе добие нова детска градинка“, велат од Владата.

„Исто така, започна и изградба на нова детска градинка во Трубарево, Општина Гази Баба за што се инвестираат 19.000.000 денари, која ќе има опфат за сместување на над 60 дечиња.

— реклама —

Започнаа градежни активности за доградба на објектот Изворче во детска градинка Срничка во Општина Аеродром за што се инвестираат 120.000.000 денари. И тука капацитетот на згрижување е околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст.

Исто така во овие 100 дена се пушти во употреба доградба на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден во вредност од 15.000.000 денари за згрижување на 60 деца. Оваа доградба значи конечно затворање на листите на чекање во Општина Илинден.

— реклама —

Владата и претседателот Христијан Мицкоски се обврзаа дека главен приоритет во мандатот ќе биде намалување на листите на чекање за прием во детските градинки.

— реклама —

Продолжуваме и во следниот период да инвестираме, да градиме и создаваме за сите категории на граѓани. Листите на чекање мора целосно да се намалат. Дечињата мора да имаат соодветна грижа и услови за престој во детските градинки. Посветени сме и одговорно работиме на создавање на нова надеж и иднина за сите граѓани“, се наведува во соопштението на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 седмица

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања