Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Владата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library4vurusd1p6jad0zHUaH

Владата на денешната седница донесе одлука со која кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври.

— реклама —

Со измената на претходната одлука, рокот на важење на кризната состојба, кој истекуваше на 20 јули, се продолжува за периодот од 21 јули до 20 октомври. Од Владата велат дека со ова се обезбедува континуитет во институционалното постапување и можност за навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари.

— реклама —

Како што посочуваат, целта е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со што би се зачувала стабилноста во снабдувањето, би се ублажиле последиците од евентуални пазарни нарушувања и би се заштитиле интересите на граѓаните и стопанството.

— реклама —

Од Владата најавуваат дека и понатаму внимателно ќе ги следат состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку биде потребно, ќе носат навремени мерки за обезбедување сигурно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати.

— реклама —

По завршување на владините процедури, одлуката ќе биде доставена до Собранието на разгледување и усвојување, согласно законските надлежности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања