Промени тема
Контакт

Владата против ограничување на пристапот до социјални мрежи за малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата не размислува за воведување забрана или ограничување на пристапот до социјалните мрежи за младите до 15 години, оценувајќи дека таквиот потег би бил радикален и би значел мешање на државата во приватната сфера и во основните слободи.

Одговарајќи на новинарско прашање на настан во Прилеп, по повод одбележувањето на Денот на побезбеден интернет, Андоновски рече дека родителите треба да ја задржат контролата врз користењето на социјалните мрежи од страна на нивните деца, а не државата да ја преземе таа улога.

Тој посочи дека во изминатата година, во рамки на проект за дигитална безбедност, во сите училишта биле презентирани механизми преку кои родителите можат да контролираат кои апликации нивните деца ги инсталираат на мобилните телефони и други уреди, колку време поминуваат на нив и какви содржини можат или не смеат да следат. Според министерот, ваквиот пристап овозможува превенција од опасностите на интернет, без директна интервенција на државата во семејниот живот.

— реклама —

Андоновски нагласи дека станува збор за алатки кои се исклучително приватни и ги користат родители и деца, па секое законско ограничување би можело да се толкува како прекумерно мешање во домашните работи. Сепак, тој остави простор за јавна дискусија доколку постои зголемен интерес и загриженост кај родителите, најавувајќи можност за јавна расправа и анкета за да се утврди ставот на јавноста.

— реклама —

Министерот посочи дека не се исклучува можноста за законски измени доколку тоа се покаже како неопходно, но предупреди дека државната забрана на одредени дигитални алатки носи сериозни ризици. Според него, таквиот пристап може да отвори простор за ограничување на слободата на говор и слободата на изразување, доколку државата почне селективно да забранува платформи или апликации.

„Забраната треба да биде последна мерка. Првата мерка мора да биде превенција и родителска контрола“, истакна Андоновски.

— реклама —

Настанот во Прилеп беше организиран од Министерството за дигитална трансформација во соработка со Општина Прилеп, во рамки на проект за воспоставување Центар за побезбеден интернет во Македонија, поддржан од програмата „Дигитална Европа“ и од Европската Унија. Според најавите, во следниот период се очекува целосно функционализирање на Центарот, кој ќе обезбеди линија за поддршка на млади лица, родители и наставници за справување со ризиците во онлајн просторот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeku0c0k4jt57c1i9CLw

Андоновски: Размислуваме за закон за правилно и етичко користење на вештачката интелигенција

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryc4hvagmcfabj8ROJJAX

Андоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот раст

Македонија | пред 1 седмица

andonovski1-1

Од октомври личната карта и возачката дозвола во дигитална форма на мобилниот телефон: Андоновски го најави стартот на м.Услуги

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryenl0lrvtrpne4Jln24o

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по цена на човечки животи, како во времето на СДСМ и Филипче

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања