Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarym49ohttgqoucaRMdvkP

Во рок од една недела Владата се очекува да го претстави решението со кое правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик.

— реклама —

Ова го најави заменик-премиерот Беким Сали, кој рече дека консултациите се во завршна фаза и дека не станува збор само за правосудниот испит, туку и за поширок пакет поврзан со слични прашања.

„Сме во завршна фаза на консултации со експерти и верувам дека многу скоро, можеби… сега не сакам да се фаќате за временската рамка, можеби и една недела може да трае до конечната одлука која ќе ја промовираме на ист начин, верувам“, рече Сали.

— реклама —

Тој додаде дека Владата не работи само на решение за правосудниот испит.

— реклама —

„Нема да се работи само за правосудниот испит, туку и за други слични теми“, кажа Сали.

Најавата доаѓа по протестот во Скопје, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. На протестот беа истакнати транспаренти со пораки како „Знаењето нема забранет јазик“ и „Политиката го зароби Уставниот суд“, а дел од демонстрантите извикуваа и „УЧК“.

— реклама —

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека Владата работи на „трајно решение“ за ова прашање, но оцени дека на протестот биле прекршувани законите за знамињата и државната химна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања