Промени тема
Контакт

„Власта не се грижи за македонскиот јазик, СДСМ бара Гаши да обезбеди надзорна расправа“, вели Костадиновска-Стојчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library8gddin8ufehv9urXMLI

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на прес-конференција обвини дека власта не покажува вистинска грижа за македонскиот јазик и побара претседателот на Собранието, Африм Гаши, да овозможи одржување надзорна расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик.

Таа истакна дека и покрај тоа што Законот беше донесен во јануари 2024 година, неговите одредби сè уште не се спроведуваат, а институциите не преземаат конкретни чекори за негова имплементација.

— реклама —

„Никој не се грижи за македонскиот јазик. Иако постојано предупредувавме дека законот не се применува, како никому да не му е грижа во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсети дека на 23 март годинава пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднела барање за одржување надзорна расправа за нефункционирањето на законот, посочувајќи дека нема национална стратегија и национален став за негување и развој на македонскиот јазик.

— реклама —

Според неа, и покрај најавите за вработување лектори, не е реализирана ниту една одредба предвидена со законот, поради што јавноста има право да поставува прашања за односот на ресорното Министерство кон ова прашање.

— реклама —

„Ова не е политичка битка, туку битка за зачувување и унапредување на македонскиот јазик“, порача Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека македонскиот јазик мора да биде меѓу највисоките приоритети во културните политики на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 5 часа

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 8 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања