Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма Марковски, ЈО веднаш да отвори истрага, повика ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

„46 милиони евра одат во џебот на фирмата Марковски за ископ на јаглен во РЕК Битола, која важи за блиска до владата на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

„Тендер од 46 милиони евра власта му дава на Борче Марковски, сопственик на фирмата Марковски која е позната во јавноста како рекорден по добиени тендери.

Тендерот во вредност од 46 милиони евра е за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и фирмата Марковски.

— реклама —

Власта во заминување во очај, страв и паника од изборниот пораз на 2 месеца пред избори ги краде парите на граѓаните.

Спорно е тоа што наместо да биде одбрана најевтината понуда која била од 100 денари по гига џул, тендерот го зела компанијата Марковски со највисока понуда од 129.7 денари по гига џул или за дури 30 проценти повеќе од најниската понуда.

Овде има сериозни индиции за огромен криминал. И токму затоа го повикуваме ЈО веднаш да постапи по допрен глас, да отвори истрага и да испита каде ќе завршат овие пари?

Дополнително ЈО треба да се испита и одговори како 6те лица Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои првично биле против против овој тендер, потоа дале согласност?

СДС и ДУИ се удавени до гуша во криминал.

Владата на СДС и ДУИ тотално ја криминализираа и уништија државата.

Доколку ЈО не се одважи да го испита овој криминал, им порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита целиот случај и сите вмешани соодветно ќе одговараат.

Нема ден да помине со владата на СДС и ДУИ без да се случи некој скандал, афера или криминал.

Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања