Промени тема
Контакт

ВЛЕН: Црната листа е вистината на ДУИ, манипулациите со анкетите не ја вадат од калта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
taravari-vredi-koalicija-h

„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ ги гледа граѓаните со ниска свест, доказ се анкетите кои погрешни ги протолкуваат и кои се обидуваат да ги продадат како реални“, велат од ВЛЕН и додаваат:

Значи, ДУИ нон грата избра да користи манипулирани механизми за да прикаже лажна илузија дека продолжува да ужива поддршка во албанскиот табор.

— реклама —

Откако се најде на црната листа, ДУИ нон гратапочна да ги губи лојалните гласачи и членството, а единственото решение во оваа тешка ситуација во која се наоѓаат е измамата преку манипулациите со анкетите. Така, во обид да ги измамат и збунат масите, тие почнаа да веруваат во лагите што самите ги измислија.

— реклама —

Неодамна имаше масовни пристапувања од сите други партии во најголемата албанска коалиција ВЛЕН. И сето тоа затоа што сите разбраа дека единствената политичка опција во албанскиот табор е ВЛЕН.

Албанците сега имаат широка и силна база, коалицијата ВЛЕН ги одразува вистинските вредности и посветеноста на промените, надвор од празните ветувања и пропаганда што ја придружуваше ДУИ нон грата долги години.

— реклама —

Важно е граѓаните да бидат свесни за да ги читаат и разбираат ваквите обиди за манипулација и да знаат дека нема да дозволат нивните мислења да бидат под влијание на иманипулирани анкети.

— реклама —

Наместо тоа, нашите граѓани се занимаваат со анализирање на фактите и конкретните постапки на секоја политичка опција, особено кон ДУИ, која беше загниена на власт.

Дојде време Албанците да бараат одговорност, транспарентност и вистинско претставување во политиката. Промената започна со коалицијата ВЛЕН, која докажува дека сме вистинска алтернатива за градење подобра иднина за Албанците и доведување на политиката на вистинското место, алатка за исполнување на колективните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeama2a6rimgj8kbMSsn

Јакуп Хусеини е кандидат на „Вреди“ за градоначалник на Брвеница

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
grubi-41

ВЛЕН за истрагата против Груби: Не треба политиката да одлучува кој е виновен, ако нема докази не треба да му судат

Македонија | пред 1 месец

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВЛЕН: Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ

Македонија | пред 4 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања