Промени тема
Контакт

ВЛЕН: ДУИ е синоним за дестабилизација!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

„Таканаречениот Европски фронт, кој сега ги фрла последните клоци, се обидува да сее несигурност кај граѓаните. Тоа што Фронтот наречен “европски“ беше дестабилизиран не значи дека треба да се дестабилизира државата. Тоа што се поделија, не значи дека општеството ќесе подели како нив“, вели ВЛЕН и додава:

— реклама —

Во овие клучни моменти за иднината на државата, ги повикуваме сите политички актери кои и посакуваат добро на државата, да се обединат околу стратешките цели, а тоа се европските вредности и евроинтеграциите, а не други ретроградни дејствија.

Кога ДУИ зборува за руски инфилтрации, ја потсетуваме јавноста дека оваа партија му даде пасош на прорускиот бизнисмен Онишченко, кој е на црната листа. Смешно е кога ДУИ зборува додека нејзините постапки ја демантираат. Токму оваа партија сама го отвори небото за да го донесе рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Скопје.

— реклама —

Обидите за дестабилизација нема да поминат, ќе тече хармонија и соживот меѓу граѓаните каде сите ќе се чувствуваат еднакви. Ова го дадовме како ветување во предизборната кампања и посветено се залагаме за тоа секој ден.

— реклама —

Синоним за дестабилизација е Девалвирачката Унија на Институциите. Им го освежуваме сеќавањето. Сите страшни настани во државата, особено за Албанците, се случија кога ДУИ беше дел од власта. Случаите “Монструм“, “Диво Наслје“, се настани кои ја затегнаа државата, но за среќа не создадоа поделеност во општеството. ДУИ е синоним за зло и за тоа Албанците ги испратија на местото каде заслужуваат да бидат, во опозиција.

Албанскиот народ повеќе нема да се изманипулира. Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. E ова им пречи на експонентите на ДУИ, поточно Артан Груби. Бајките и лагите кои се обидува да ги наметне во домашната јавност веќе не поминуваат, па сега се обидува да ги пренесе своите лаги во јавноста во Албанија дека по инцидентите кои се случиле биле уапсени 17 Албанци, што апсолутно не е вистина. Потсетуваме дека 17 лица беа уапсени за палење на државното знаме и албанското знаме.

— реклама —

ВЛЕН гарантира: Законот е за сите и над сите! Никој нема да биде над законот, без разлика на позиција или припадност. Безбедноста е приоритет! Секој граѓанин, без разлика, заслужува да се чувствува безбеден и заштитен. Правдата е на дело! Секое кривично дело ќе се истражува, секој сторител ќе одговара и никој нема да избега од казна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeama2a6rimgj8kbMSsn

Јакуп Хусеини е кандидат на „Вреди“ за градоначалник на Брвеница

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
grubi-41

ВЛЕН за истрагата против Груби: Не треба политиката да одлучува кој е виновен, ако нема докази не треба да му судат

Македонија | пред 1 месец

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВЛЕН: Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ

Македонија | пред 4 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања