ВЛЕН: ДУИ нон грата, повикајте го Артан од црната листа како експерт за „ослободување“ на државата!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

„Партијата нон грата ДУИ која 20 години заробената држава го претвораше во уметност, денес глумат моралисти и сакаат правда?! Ова е најголемиот апсурд на деценијата! Станува збор за партијата која го претвори судството во подружница на ДУИ, каде одлуките не се носеа во судници, туку во партиски канцеларии. И сега овие “професори за корупција“ ја обвинуваат власта за заробување на државата!“, велат од ВЛЕН.

— реклама —

„Заробувањето на државата се појави како концепт во извештајот на Прибе за да се опише владата Груевски-Ахмети, влада која протера илјадници Албанци од земјата, со бројни политички монтирани случаи и неправди.

— реклама —

Заробувањето на правдата од нив може да ја прикажеме со имиња - Џелал Бајрами, Барлет Џафери, синот на Талат Џафери, Иџет Мемети, и многу други.

— реклама —

Како може обвинителството на Ислам Абази да даде став за ослободување на осудените на 27 април и во исто време нон грата ДУИ, да не обвинува за заробување на државата?! Кому му прават црн хумор овие?!

Затоа, предлагаме нон грата на ДУИ да го повикаат најновиот жител на црната листа Артан Груби како “експерт“ за ослободување на државата.

ДУИ нон грата не се навикнати на добро владеење, па многу лошо ја доживуваат ПРОМЕНАТА. Вие што на вашиот грб ја имате трагедијата на Модуларната болница во Тетово, а уште имате лице за неосновани обвинувања. Вие што ја пополнувате американската црна листа, вие што ги срамите Албанците. Нон грата партијата нема што да и понуди на албанската политичка сцена, освен црна и деструктивна политика. Вие сте дел од црната историја на Албанците.

Партијата нон грата ДУИ освен во конкуренција за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место. Коалицијата ВЛЕН најавува дека нема да има компромис со оние кои се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците“, соопштија од ВЛЕН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn5vn08fjnmjteFcdRQF

Кои се новите министри „птици преселници“ кои беа во ДУИ, па добија нови функции со ВЛЕН

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

ВЛЕН: Кризата на доверба во правдата доведе до прекинување на функцијата на јавниот обвинител

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Законот за правична застапеност става крај на децениската политичка измама, вели ВЛЕН

Македонија | пред 1 месец

media-libraryak7ll321etrgc2DT6bX

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, Мухамед Хоџа ќе раководи со животна средина

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања