Промени тема
Контакт

ВЛЕН: Го зголемивме буџетот во високото и средното образование, работиме на подобрување на квалитетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ukim

„ВЛЕН се залага за зголемување на квалитетот на образованието, бидејќи сметаме дека најважната алка во државниот систем е образованието, всушност, за нас тоа е главниот фактор за создавање нова и продуктивна перспектива. За 2025 година Владата одлучи да го зголеми буџетот за образование како никогаш досега. Значи, станува збор за буџет кој ќе достигне вредност од 38 милиардиденари. ВЛЕН го зголеми буџетот за образование за повеќе од два милиони евра. Ова ја покажува сериозноста и посветеноста на ВЛЕН на најделикатното поле на образованието кое беше во тотална летаргија“, велат од ВЛЕН.

— реклама —

„Со гордост, задоволство и целосна одговорност ја информираме пошироката јавност дека ВЛЕН го зголеми буџетот и за Универзитетот во Тетово каде за 2025 година се предвидени 18 милиони евра, додека буџетот на истиот универзитет за 2024 година изнесуваше 12 милиони евра. Значи, имаме зголемување од 6 милиони евра за оваа година. Ова е промената од план во терен.

Нашата одговорност не завршува тука, бидејќи нашиот пристап не е ниту селективен, ниту половичен, со големо внимание се грижиме за нашите јавни универзитети бидејќи ја знаеме и историјата на нивното основање. Затоа, слично како и на тетовскиот универзитет, издвоивме многу пати поголем буџет од претходните години. За Универзитетот “Мајка Тереза“ за 2025 година се издвоени и 4,8 милиони евра.

— реклама —

Министерството за образование и наука во 2025 година се подготви за зголемување на квалитетот на наставата, преку подобрување на образовната инфраструктура, реформирање на системот за финансирање преку грантови и обезбедување квалитет и ефективност во високото образование во согласност со добрите европски практики.

— реклама —

Коалицијата ВЛЕН со голема одговорност се залага и за средното образование каде што предвидовме зголемување на буџетот во 2025 година на 29 милиони евра. Зголемувајќи ги платите на наставниците и во основното и во средното образование. Нашата влада ќе продолжи да се залага за реконструкција на основните училишта и изградба на спортски сали во основните училишта.

Исто така, во текот на оваа година сме решени да се ангажираме за подобрување на квалитетот на животот на студентите, преку подобрување на условите во студентските домови. Владата предвиде големо зголемување на буџетските средства планирани за Енергетската Рехабилитација на студентските домови, каде што предвидениот буџет за наредната фискална година е шест милиони евра.

— реклама —

ВЛЕН се залага за добро владеење, подобар квалитет во образованието и подобри услови за нашите студенти. Затоа што тоа се национално богатство на оваа држава и затоа мораме да ги третираме како такви. ВЛЕН е иднината на Албанците во Северна Македонија. Студентите се сегашноста и иднината на земјата и регионот“, соопшти ВЛЕН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeama2a6rimgj8kbMSsn

Јакуп Хусеини е кандидат на „Вреди“ за градоначалник на Брвеница

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
grubi-41

ВЛЕН за истрагата против Груби: Не треба политиката да одлучува кој е виновен, ако нема докази не треба да му судат

Македонија | пред 1 месец

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВЛЕН: Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ

Македонија | пред 4 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања