Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВЛЕН: Во Мала Речица секое утро проверуваат да не имаат некој член на црната листа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
dui

Интерпелациите за четворица министри кои се на дневен ред во Собранието, за ВЛЕН се смешни. Велат дека ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција.

— реклама —

„Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата дека работат на некакви туѓи агенди кои ја оддалечуваат Македонија од патот кон еднаква и стабилна држава.

Да се потсетиме дека најголемиот спроведувач на агендата за Српски свет беше минатата Влада на ДУИ кога жилаво се бореше да преживее Отворен Балкан иако Албанија ја напушти иницијативата по случувањата на Косово.

— реклама —

Да се потсетиме дека Бујар Османи беше прв министер што бил домаќин на Сергеј Лавров на европско тло.

Да се потсетиме дека функционерите на ДУИ во изминатите години се заблагодаруваа на Србија и Вучиќ за тоа што им ја покрива неспособноста при набавка на вакцини и гас.

Да се потсетиме дека Артан Груби и Рамиз Мерко се на црна листа на Америка поради уривање на правната држава, а со себе ги повлекоа и своите фамилии. Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот. Секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа.

Да се потсетиме дека ДУИ е партијата која зема пари за фиктивни лиценци за игри на среќа од разни балкански криминалци. Партенери им се луѓето од српското подземје.

Работењето на ДУИ е целосно во спротивност на препораките од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД.

Се почесто ДУИ се поистоветува со делувањето на Левица. Седењето еден до друг во собраниските клупи очигледно ги доближува.

Интепелациите на ДУИ се смешни. Жално е на кое ниво падна партијата одејќи по паметот на Артан Груби и Бујар Османи. На Албанците во Македонија им треба сериозна опозициска партија, а не криминална структура која е спремна секого да продаде во обид да се заштити”, стои во соопштението на ВЛЕН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

grubi-41

Вреди: Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ВЛЕН: Стариот лисец Ахмети од вчера стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник

Македонија | пред 1 седмица

media-library1j8f21kriq3g4ritDgs

ВРЕДИ: Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде, кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn5vn08fjnmjteFcdRQF

Кои се новите министри „птици преселници“ кои беа во ДУИ, па добија нови функции со ВЛЕН

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања