Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: 66 тендери вредни 141 милион евра од ЕСМ за „Марковски компани“ на белорускиот почесен конзул од владата на СДС, јасен доказ за врските на Филипче и Заев со Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Zaev-Filipce

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Рускиот олигарх Александар Онишченко, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, не е единствената врска за блискоста на СДС на Зоран Заев и Венко Филипче со Владимир Путин, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај Онишченко, кого го вдомија во државата му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски близок соработник на Лукашенко.

— реклама —

Врските на Заев и Филипче со руската политика се потврдуваат и со нивната блискост со Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола.

Во периодот од 2019 до 2023 година, од владата на СДС фирмата „Марковски компани“ во сопственост на белорускиот почесен конзул во државата, Борче Марковски добила најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки.

— реклама —

Најголемиот дел од овие, односно 66 од 77-те тендери биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери.

Освен што во време на власт на СДС, Заев и Филипче, Марковски ги добивал најголемиот број тендери од ЕСМ, туку и фирмите подизведувачи кои соработувале со него биле или на кланот Заеви или на лица блиски до нив.

— реклама —

Врските со Марковски и Онишченко, само ја потврдува очигледната близина и добрите бизнис контакти на Филипче и Заев со лица блиски до Путин и Лукашенко.

А, заедничко на сите овие лица е тоа што, за сите постојат основани сомненија дека се дел од различни криминални и корупциски шеми, а СДС, Заев и Филипче за свои бизнис интереси и остварувања се ставија против државните интереси.

— реклама —

Тоа време заврши, СДС веќе не е во можност да тргува со националните во корист на бизнис интересите на кланот Заеви и Филипче.

Заштитник на државните национални и стратешки интереси е ВМРО-ДПМНЕ, и остро ќе се спротивстави на предавничката политика промовирана од СДС и дуото Заев и Филипче“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 2 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања