Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: „Богоев наместил тендер во Царина и зел мито, кое требало да стигне до 10% од вредноста; за Филипче да го смета за криминал, колку пари треба Богоев да украде?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати серија обвинувања кон поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, и кон раководството на СДСМ, тврдејќи дека во периодот кога бил на функцијата бил наместен тендер за одржување на хигиена на граничните премини и царинските терминали, во вредност од 18 милиони денари.

— реклама —

Од владејачката партија тврдат дека тендерот бил договорен со лице кое го поврзуваат со СДСМ и дека за тоа наводно било исплатено мито. Според нивните тврдења, станува збор за корупциска афера која, како што наведуваат, не треба да се третира како изолиран случај.

— реклама —

Во партиското соопштение се поставува прашањето до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дали ги смета овие наводи за криминал и зошто, според ВМРО-ДПМНЕ, нема реакција од опозициската партија.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, го повикаа Јавното обвинителство да провери дали се точни информациите дека била договорена провизија во висина од 10 проценти од вредноста на тендерот, што би изнесувало околу 1,8 милиони денари.

— реклама —

Партијата наведува дека случајот треба темелно да се истражи и да се утврди дали имало злоупотреба на службената положба и незаконско влијание врз постапката за јавна набавка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања