Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: „Демократското право на глас на иселениците и Изборниот законик, не смеат да бидат жртви на дневнополитички калкулации на СДС, Левица и ДУИ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинија дека СДСМ, Левица и ДУИ создаваат конфузија околу измените на Изборниот законик, оценувајќи дека опозициските партии немаат усогласен став за предложените решенија.

— реклама —

Од партијата велат дека опозицијата најпрво постигнала договор за измените, а потоа го блокирала законот, додека во јавноста, како што тврдат, изнесува различни ставови од оние за кои се разговарало зад затворени врати.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ смета дека измените треба да овозможат проширување на демократските права, особено за македонските иселеници, на кои, според нив, треба да им се овозможи гласање по пошта или по електронски пат.

„Како владејачко мнозинство ќе прифатиме сè што ќе побараат, само да се прошири и унапреди правото на глас и дијаспората да гласа по пошта или електронски“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа СДСМ, Левица и ДУИ најпрво да изградат заеднички став за прашањата поврзани со Изборниот законик, вклучително и за моделот на изборни единици, финансирањето и начинот на гласање на дијаспората.

— реклама —

Партијата порача дека останува отворена за разговори и дијалог за сите прашања поврзани со унапредувањето на политичкиот систем, реформите и европската интеграција, оценувајќи дека демократското право на глас на иселениците и Изборниот законик не смеат да бидат жртви на дневнополитички калкулации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања