Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Документи и докази за организација и логистика на протестите на ССМ  водат директно до СДС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

окументите и доказите кои излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ водат директно до СДС. ССМ го покажа вистиснкото лице дека не е независен синдикат, туку само продолжена рака на партиските интереси на СДС. Се оди до таму што луѓе од СДС се директно вклучени во организација на саботниот протест или ССМ се претопи во СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ССМ е контролирано и координирано од партијата СДС, а тоа ги вклучува и логистиката и организацијата на протестите.

— реклама —

Документите кои пристигнаа до нас се доказ дека одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Георгиев е поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС.

Превозот, организацијата и кампањата на ССМ е директно поддржана од партиската инфраструктура на СДС. Бранко Георгиев кој е партиски теренец на СДС сега е главен за теренски активности на ССМ.

— реклама —

Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион сега е ССМ.

— реклама —

ССМ наместо да биде независна организација што ги штити правата на работниците, се претвори во партиска испостава на СДС.

ССМ наместо да делува автономно и во интерес на работниците, функционира како продолжена рака на партиските структури на СДС, со активности, организација и логистика кои се совпаѓаат со партиските интереси.

— реклама —

Синдикатите треба да бидат глас на работниците, а не инструмент на политички партии. ССМ како синдикална организација е ставена во служба на партиска агенда на СДС, и со тоа ја губи својата основна улога и довербата на членството.

Пред очите на целокупната јавност ќе бидат објавени сите лица од СДС кои го имаат превземано ССМ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања