Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, трет по ред од СДС спремен за национални отстапки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library5599haamqj8b3gCjaWK

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку давање изјави во јавноста, кои се спротивни на официјалните ставови на Софија, а во врска со македонскиот идентитет.

— реклама —

Вчера, по половина час откако се формираше новата бугарска влада, Филипче не издржа и итсрча прв да честита со објава на социјалните мрежи во која за сопствената држава вели дека создавала вештачки конфликти со соседите.

По телевизиски настапи, Филипче, освен што потврдува дека е спремен да исполнува агенди на туѓи земји,   продава  и приказни за Европа и вели дека уставните измени би ги потпишал веднаш, без гаранција за Македонија дека ова е последна пречка на евроинтегративниот пат.

— реклама —

Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Францускиот предлог се печатот на влаадеењето на СДС, со што создадоа преседан и ја направија Македонија  да биде мета на уцени, блокади и билатерални спорови.

А Филипче и сега од позиција на опозиција, продолжува да тврди дека тоа биле успеси.

По Заев и Ковачевски, Филипче е третиот во низата од СДС, кој е подготвен да прави национални отстапки, затоа што единствена константа во СДС е борбата за власт, а во моментов со Филипче и за опстанок.

— реклама —

Додека од Бихаќка ја продаваат приказната за европска ориентација, паралелно се обидуваат да ги контролираат критиките на нивните социјалните мрежи, и да создадат некој впечаток дека нивниот ‘проевропски наратив’ е конзистентен со нивните постапки.

Од друга страна одржуваат и проруски релации.

— реклама —

Тука се примерите со Онишченко, на кого Заев и Филипче му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија во земјава, земја блиска до руската политика, кој доби 77 тендери од владата на СДС, како и Миодраг Давидовиќ Дака, за кој еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово за проект во вредност од 200 милиони евра.

Филипче се продава и на домашна и на меѓународна сцена,  по телевизиски настапи се однесува како да седнал во премиерска фотелја , а не како да е опозиција и пред исчезнување од политиката, и како само тој да е едниствениот кој го знае патот до ЕУ,  додека СДС секој ден губи гласови, за што една од причините е и релативизирање на македонскиот идентиет како и предавничките политики, и со ова темпо, за брзо време, ќе стане маргинализирана партија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања