Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува ,,деца на Македонија"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат.

Таков беше и случајот од пред неколку дена во Ново Село, каде што предавникот Филипче се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл, за сега кои беа со него, осудени наркомани и насилници, да ги претстави како „деца на Македонија“.

— реклама —

Лицата со кои Филипче се појави во Ново Село не се невини жртви како што сака да ги претстави, не се деца, а најмалку невини. За дел од нив постојат правосилни судски одлуки за кривични дела поврзани со насилство и наркотични средства.

Едниот од нив, Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер во „Тотал Инженеринг“. Ефтимов, заедно со Илија Стојанов, е правосилно осуден на условна казна затвор во траење од една година и шест месеци за крвнички тепање луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, пак, покрај насилство, има и правосилна условна пресуда за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

— реклама —

И ова не е сè. Во паничното обраќање на Филипче од Ново Село, до него стоеше и Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДС, кој според јавно достапните информации станува збор за лице кое се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки.

Меѓу другото, Трифуновски бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.

Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа.

— реклама —

Наместо да се дистанцира од лица со ваков багаж, насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги, талогот од СДС сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, како што тоа го направи и во Ташмаруништа. Недолжни луѓе да настрадаат, за талогот од СДС и Венко Филипче политички да профитираат.

Токму такви насилници и корисници на дрога, како што се Ефтимов, Стојанов, Трифуновски, Филипче ги носи со себе и се обидува да ги претстави како симбол на младоста и иднината на Македонија.

Ваквите ликови ниту можат да бидат „децата на Македонија“, ниту можат да се продаваат како новото лице на СДС.

— реклама —

Тие единствено можат да бидат и се талогот во македонското општество, кои се фатиле за позиции и со сите сили се обидуваат да ги задржат, додека за вистинската, чесна и образована младина не отстапуваат место.

На таквите лица не им е местото ниту во политиката, ниту во високите општествени кругови каде шират тези за да им ја убијат надежта на граѓаните.

Сите тие кои цел живот се на државни и партиски позиции, кои освен за своите џебови, за државата не направија ништо, заедно со народот ќе ги поразиме“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања