Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја изработил спецификацијата за модуларните без електро-елаборат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја изработил техничката спецификација за модуларните болници без соодветен елаборат за електрична енергија и без целосно почитување на безбедносните стандарди, оценувајќи дека со тоа била загрозена безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал.

— реклама —

Партијата се повикува на, како што наведува, сведоштва на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, за кои тврди дека „ја отвораат вистината“ за модуларната болница во Тетово, каде во пожар загинаа 14 лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, наводите укажуваат на низа пропусти во процесот на изградба, а причинско-последичната врска со трагедијата, како што тврдат, води кон „лошо инсталирана електрична енергија“.

— реклама —

Во соопштението се отвора и прашањето за финансирањето. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека проектот бил финансиран со средства обезбедени преку Светска банка и посочува на тврдење дека модуларните болници чинеле околу 300.000 евра, додека за таа намена биле обезбедени 30 милиони евра. „Каде завршиле останатите пари?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека јавноста заслужува одговори за расходувањето на средствата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ поставува и низа прашања поврзани со документацијата и контролата, меѓу кои и зошто е составена техничката спецификација без електро-елаборат, зошто не биле почитувани безбедносните стандарди и што би покажало градежно вештачење доколку тогаш било извршено, по барање на обвинителката Кадриу.

— реклама —

Од партијата бараат темелна истрага и целосно расчистување на сомнежите поврзани со случајот, нагласувајќи дека мора да има одговорност за пропустите што доведоа до трагедијата со 14 жртви. „Законите мора подеднакво да важат за сите. Време е правдата да излезе од фиока“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8c4k32nu0mnp08p35CV

„Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за насилството врз младата девојка од Охрид

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања