Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: „Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryb0c4t56so4s8eEKWZMR

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираа на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека тој нема кредибилитет да зборува за состојбите во здравството и обвинувајќи го дека зад себе оставил сериозни проблеми во системот.

— реклама —

Во партиското соопштение се наведува дека за време на мандатот на Филипче како министер за здравство се наталожиле проблеми како недостиг на здравствен кадар, долги листи на чекање и нарушена доверба во институциите.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во тој период голем број здравствени работници го напуштиле јавното здравство, а пациентите се соочувале со недостиг на лекови и лоши услови за лекување. Воедно, ја споменуваат и аферата со Клиниката за онкологија, за која велат дека е еден од најголемите скандали во здравствениот сектор.

— реклама —

Во реакцијата се осврнуваат и на состојбата во Гостивар, наведувајќи дека Владата презела мерки за справување со проблемот со водоснабдувањето. Според партијата, секојдневно се обезбедуваат повеќе од 60 тони вода за пиење и техничка употреба, надлежните институции веднаш издале препораки, а осомничените во случајот биле приведени и против нив се води постапка.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Владата е насочена кон стабилизација на здравствениот систем, подобрување на условите во јавните здравствени установи, намалување на листите на чекање, инвестиции во медицинска опрема и обезбедување поквалитетни здравствени услуги за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања